Утрински Весник
Македонија

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Културното наследство не е приоритет на СДС(М), археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Културното наследство не е приоритет на СДС(М),  археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи

Културното наследство не е приоритет на СДС(М). Власта постојано докажува дека нема никаква допирна точка со цивилизациската оставнина на територијата на Република Македонија, притоа, додавајќи бројни примери на девастирани локалитети токму поради нивното индолентно однесување кон овој суштински елемент од општеството – културното наследство, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Долга е редицата на незгрижени и уништени археолошки и архитектонски добра, велат од оваа комисија. „По незаконското рушење на хотелот „Шар“ во Старата скопска чаршија, уништувањето на неолитскиот локалитет Влахо во Битолско итн., на ред дојде археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, град основан кон средината на IV век пр. н.е. од страна на кралот Филип II Македонски. Деновиве, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи, во самиот негов центар.

„Сестраната стручност“ на директорката на Заводот и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова не успеа да го заштити овој значаен археолошки локалитет од алчноста и несовесноста на дивите копачи“, се истакнува во реакцијата.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ јавно ѝ упатува неколку празнични прашања на директорката! Дали овој криминален случај е пријавен во МВР? Дали зад ноќното обезбедување стои Агенцијата за приватно обезбедување „Карпатија“? Кој всушност го обезбедува археолошкиот локалитет oд 20:00 часот навечер до 7:00 часот наутро? Зошто е укината стражарската служба од самиот Завод и музеј? Зошто денското обезбедување е различно од ноќното?

Во очекување на одговорите, не може, а да не се заклучи дека маргинализирањето на културното наследство од страна на власта нè води кон самото дно – национално и културно, велат од таму.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа