Голем скандал направи тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ, на натпреварот против Кожуф, прв од четвртфиналната серија во плеј-офот. Во втората четвртина, тој буквално влета на теренот и го тресна од земја противничкиот кошаркар Гордон кој ја водеше топката.
Се случи и поголема мешаница, а исклучен е и тренерот Николиќ, како и домашниот кошаркар Абу кој ја напушти клупата и влета исто така во терен.
По првото полувреме, Кожуф изненадувачки има водство против МЗТ Скопје Аеродром на гости во СЦ „Јане Сандански“ со 39:49.
View this post on Instagram