Утрински Весник
Свет

Сите патници од автобусот што се преврте во Унгарија биле од Белград и Нови Сад, возачот задржан во болница

Сите патници од автобусот што се преврте во Унгарија биле од Белград и Нови Сад, возачот задржан во болница

Ненад Ќелиќ, сопственикот на компанијата чиј автобус со патници од Србија се преврте во Унгарија, за Нова.рс, вели дека во автобусот имало 55 патници и сите се српски државјани од Белград и Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот 53 во Унгарија. Повредени се 15 патници, при тешката несреќа.

Како што потврдил Ненад Ќелиќ, патувањето го продолжиле 35 патници, додека во болница се задржани еден возач и една жена.

Некои од патниците се вратиле во Белград.

„Колку што знам, нема сериозни повреди, станува збор за модринки и слични повреди“, кажа Ќелиќ за возачот.

На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот тргнал во спротивен правец, најверојатно за да избегне друго возило, а потоа со полна брзина се превртел.

Според унгарските медиуми, меѓу повредените патници има и две деца, кои се пренесени во болница.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници