Пред точно 30 години, на 30 април 1993 година, невработениот Гинтер Пархе, германски тениски фан опседнат со Штефи Граф, влезе на теренот на Ситизенс купот во Хамбург, каде што Моника Селеш играше со Магдалена Малеева, забивајќи нож во грбот на Селеш за да во негови зборови да ја „спречи да игра тенис долго време“.
Хорор-моментот го смени женскиот тенис на стартот на 1990-тите. Селеш, настапувајќи за Југославија пред да земе американско државјанство, тогаш имаше само 19 години, но веќе имаше освоено осум гренд слема, поставувајќи се како главна ривалка на германската тениска легенда Граф. По две години пауза, во кои се бореше со депресија и проблеми со исхраната, Селеш се врати на терените, ветувајќи дека нема да игра никогаш во Германија. Иако во 1996 година освои уште една гренд слем титула, беше јасно дека таа никогаш ментално не го надмина тој страшен ден во Хамбург.
„Тој човек ја смени тениската историја, тоа е сигурно. Моника ќе освоеше уште многу, многу титули“, изјави Мартина Навратилова кога Селеш се пензионираше.
Граф, која го загуби првото место на ВТА листата од Селеш, ги освои преостанатите три гренд слема во 1993 година, освојувајќи 11 од своите 22 гренд слем титули по нападот на Селеш. Граф ја посети селеш во болницата неколку дена под нападот, и физиотерапевтката Маделајн фан Целен, која работеше со Селеш вели дека германската тенисерка се чувствувала одговорна бидејќи се работело за нејзин фан.
„Штефи и Моника зборуваа малку, двете плаче. Штефи не знаеше што да каже, но и Моника“, вели Фан Целен за „Шпигел“.
Пархе, пак, остатокот од животот го помина во болница во Нордхаузен во централна Германија, каде што почина во август 2022, иако вестите за неговата смрт беа објавени овој месец.
И покрај нападот, Пархе доби само условна казна затвор, нешто што Селеш не можеше да го разбере.
„Тој ме избоде намерно, а воопшто не беше казнет за тоа. Тоа никогаш не успеав да го надминам. Не можам да сфатам зошто тој човек не плати за своето дело“, изјави Селеш подоцна.