Утрински Весник
Спорт

Голманот на Сиваспор го нокаутираше Валенсија, Еквадорецот заврши во болница

Голманот на Сиваспор го нокаутираше Валенсија, Еквадорецот заврши во болница

Фудбалерите на Фенербахче на гостински терен го совладаа Сиваспор со 3.1. Во второто полувреме за Фенербахче играше и македонскиот репрезентативец Алиоски. Мечот го обележа хорор повредата на Еквадорецот Енер Валенсија.

dobivaj vesti na viber

Во раната фаза од натпреварот, во осмата минута, голманот на домашниот тим Али Сасал Вурал во желба да ја боксува топката го удри Енер Валенсија во глава.

Еквадорецот без никаква контрола падна и се онесвести на теренот. Лекарите од тимот на Фенербахче веднаш влегоа на теренот им помогнаа колегите од споритвниот табор и екипата на Брза помош.

Откако му беше укажана помош на теренот, Валенсија со возило на Брзата помош бил префрлен во блиската болница, каде било констатирано дека Еквадорецот имал мал потрес на мозокот. Тој потоа со соиграчите се врати во Истанбул.

Можете да прочитате

Норвешка најуспешна нација по првата недела од ЗОИ

ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање

МЗТ Скопје Аеродром со „стотка“ против Работнички до полуфиналето во Купот