Утрински Весник
Свет

Пожарот во Севастопол локализиран, нападот бил со два дрона

Пожарот во Севастопол локализиран, нападот бил со два дрона
Dik 300x250 mk

Пожарот во магацинот за нафта е локализиран и треба да се изгасне до 18 часот по локално време, најави рускиот лидер на окупираниот Севастопол.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека нападот го извршиле два дрона.

-Избувнал пожар при што биле оштетени четири цистерни со гориво. Според прелиминарните податоци, врз основа на тоа што пожарот избувнал во два различни дела од магацинот, произлегува дека се работи за два дрона. Оштетените цистерни практично веќе изгореа, а пожарот е локализиран на други места, а до вечерва целосно ќе биде изгаснат. Површината зафатена од пожарот е околу 1.000 метри квадратни. Нема повредени, а нема ниту опасност по цивилни објекти, изјави Михаил Развожаев.

Снимки од местото на настанот, покажуваат како небото поцрнува над Севастопол. Од огромниот пожар извира густ чад, а облак како џиновска печурка може да се види со километри наоколу по две масивни експлозии.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот