Утрински Весник
Свет

(Галерија) Пријателите и семејството денес се простија од Сабљо, најголемиот криминалец во Хрватска

(Галерија) Пријателите и семејството денес се простија од Сабљо, најголемиот криминалец во Хрватска

На Марково поле беше извршен погребот на Томислав Сабљо, криминалецот кој беше убиен во ноќниот клуб Риц. Од него денес се простија семејството и неговите пријатели.

dobivaj vesti na viber

Убиството на Сабљо предизвика страв во криминалните кругови во Хрватска. Убиениот криминалец Сабљо бил суров кон луѓето, но ослободил кокошки од живинарска фарма.

На социјалните мрежи е објавена снимката од убиството во ноќниот клуб „Риц“. Сабљо беше убиен во саботата во 4 часот и 40 минути по судир со обезбедувањето, а досега се уапсени двајца осомничени.

 

За убиството е осомничен Кристијан Кнего, шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и Доријан Мраковиќ (26), суспендиран загрепски полицаец, кој му го дал пиштолот од кој обезбедувачот пукал кобната вечер.

 

 

Томислав Сабљо ѝ е стар познајник на полицијата, а на пошироката јавност ѝ е познат како обвинет на Ускок и еден од протагонистите на акцијата „Тебра“

Инспекторите од Ускок поднесоа обвинение против Сабљо обвинувајќи го дека е шеф на криминална група која шверцувала 15,7 тони марихуана во Хрватска, како и дека организирал палење автомобили и подготвувал физички напади врз челниците на „Динамо“ и други луѓе.

Можете да прочитате

Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја

Почина патник за време на лет од Париз

На рудари во нелегален рудник за злато во Јужна Африка им била скратена храна и вода, извлечени се 60 тела