Утрински Весник
Македонија

Советници живеат во озаконети дивоградби, а гласаат против легализација на објекти на граѓани, вели Јакимовски

Советници живеат во озаконети дивоградби, а гласаат против легализација на објекти на граѓани, вели Јакимовски

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во дивоградби и си ги легализирале, гласаат против легализација на куќи на граѓани со комплетна документација. Ова го посочи градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој заедно со некои од нив, од разни партии, садеше дрвца во општина Карпош. Тој даде оценка добар (3) за односите помеѓу него и советниците.

dobivaj vesti na viber

„Некогаш ни се случуваат илузорни работи, на пример, треба да се легализира куќа на граѓанин, кој ги исполнил сите услови, вклучувајќи и согласност од Град Скопје, од Министерство за екологија, а апсурдна е ситуацијата кога ќе видите дека против тоа гласаат советници што живеат во дивоизградени куќи, кои се легализирани. Дали е тоа етички? Или против тоа гласаат советници чии партии го донеле Законот за легализацијата. Зарем јас можам на некој граѓанин, кој исполнува услови, да му кажам дека нема да му дадам одобрение за градба? Ако тој донесе имотен лист, проект, плати комуналии, маркичка…, јас сум должен да му издадам одобрение. Одобрението нема да го издадеме ние, ќе го издаде Управниот суд. Апелирав, дајте колеги, нема зошто да ја врши некој друг нашата работа, треба да си ја вршиме ние. Тоа се тие апсурди кај поединци“, вели Јакимовски.

Тој посочува дека има работи и за кои се согласуваат.

„Имате советници кои на поинаков начин ја толкуваат својата улога во Советот. Некои се ориентирани да ги слушаат партиските лидери, некои успеваат да се надраснат себеси и на прво место да им се проблемите на граѓаните и нивното решавање. Ние сме платени да ги решаваме проблемите, а не да создаваме проблеми. За некои работи успеваме да најдеме заеднички јазик, за некои работи сè уште разговараме“, додаде Јакимовски.

Можете да прочитате

СДСМ алармира: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

Деаноски: Во неколку министерства има притисоци да не се излегува на протест

Поднесена е кривична пријава против Агенцијата за разузнавање поради незаконско следење