Кијану Ривс ја собра сета љубов од своите фанови на интернет кога се појави видео од него во разговор со мал фан.
Актерот ги одушеви луѓето со виралното видео, на кое може да се види како се поврзува со 9-годишно дете, кое блика од радост дека седи наспроти својата омилена ѕвезда.
Кијану е еден од најскромните и најприземни луѓе во светот на филмот, а за тоа сведочи и видеото што кружи на социјалните мрежи.
Keanu Reeves meets 9-year-old superfan Noah at a surprise BRZRKR signing in LA! pic.twitter.com/DQ0ATnnKT9
— IGN (@IGN) April 25, 2023
Познато е дека Ривс многу ги сака своите фанови и нема проблем да се фотографира и да разговара со нив. Токму така изненади млад фан на промоцијата на својот стрип БРЗРКР во Лос Анџелес.
„Јас сум ти многу голем фан“, вели 9-годишното дете по име Ноа, кое седи спроти ѕвездата на „Матрикс“ на почетокот на клипот објавен во вторникот додека се подготвува да се потпише на стрипот. „Ти си мојот омилен актер во целиот свет!“
Кијану потоа почнал разговор со него, му се заблагодари за поддршката, а потоа го прашал дали се сеќава на Дјук Кабум од анимираниот филм „Приказна за играчките 4“ од 2019 година, ликот на кој му го позајми гласот.
Момчето рекло дека тоа е неговиот омилен лик, а Кијану проговорил во гласот на војводата Кабум и го воодушевил малиот фан, а и многу луѓе на „Твитер“. Видеото собра речиси три милиони прегледи.
„На светот му требаат луѓе како него“, „Тој се однесува прекрасно во присуство на деца“, „Кијану е единствената вистинска ѕвезда“, „Кијану секогаш е искрен, скромен и приземјен“, „Тој е многу фин човек“, „Се гледа дека е добар човек“, се само дел од коментарите под видеото.