Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски требаше да отиде на увид на парцелите во Лисиче од спорниот ДУП на Муцунски

СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

„Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо и за година и половина ништо нема направено и нема релизирано ниту еден проект.

dobivaj vesti na viber

Заложникот на Димитар Апасиев и во слободно време шпицен градоначалник Христијан Мицкоски, денеска требаше да отиде на увид на парцелите во Лисиче од спорниот ДУП кој го турка Муцунски.

Да ја посети локацијата каде неговиот Тимчо Муцунски сака да гради висококатници на простор со зеленило и семејни куќи.

Муцунски е ист како Данела Арсовска, пред изборите ветуваше едно, денес прави друго, ја игнорира волјата на граѓаните кои се спротивставија на неговата идеја да гради згради во Лисиче.

А што е заедничко за Муцунски и Арсовска?

Заедничко е Христијан Мицкоски кој ги изневери граѓаните.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што предизвикуваат штета на граѓаните и на општините кои ги предводат.

Тоа е секогаш така кога ВМРО-ДПМНЕ е власт“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

СДСМ: „Кошничките” на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните

Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација

Левица: Не смее да се деградира уставниот институт „интерпелација”