Утрински Весник
Магазин

(Видео) Харисон Форд го враќа времето назад во новиот „Индијана Џонс“

Актерот Харисон Форд (80) за последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист-археолог во новиот, воедно последен филм од сагата.

dobivaj vesti na viber

Насловот на претстојниот филм е Indiana Jones and the Dial of Destiny („Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“), а Форд го подмладиле цели 44 години за потребите на филмот.

На почетокот на филмот, тој ќе се појави како 40-годишник кој се бори протов нацистите некаде околу 1940 година.

Имено, 25 минути од филмот актерот е дигитално подмладен за да може да го глуми Инди од времето на првиот дел од сагата.

Форд морало да изгледа како да има 35 години и да ги сними сите сцени како да е 44 години помлад, а накнадно лицето му било подмладено за да одговара на времето во кое се случува сцената.

„Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му олесни да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа,” рекол режисерот на филмот, Џејмс Манголд, пренесува „Вараети“.

„Имавме куп снимки од него во крупен кадар, среден, широк, при јако и слабо осветлување… Еден ден снимавме 79-годишен Форд како глуми 35-годишен Инди, и два дена подоцна неговото лице беше сосема поинакво и дигитално подмладено,“ вели режисерот.

Претходно, Форд откри дека била користена вештачка интелигенција за снимање на сцените каде е подмладен и дека неговото дигитално лице е всушност преземено од архивски снимки достапни на „Лукасфилм“.

„Ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција која може да го анализира секој детал од секој филм што го поседува Лукасфилм. Откако снимив многу филмови за нив, имаат многу материјал со моето лице. Не знам точно како го прават тоа, но она што ќе го видите во „Индијана“ е моето вистинско лице. Ми ставаат некакви точки на лицето, кажувам зборови и потоа прават нешто фантастично,“ рекол Форд, но на крајот заклучил дека сето тоа е малку застрашувачки.

„Прв пат гледам вакво нешто и е малку страшно. Всушност не сакам да знам како функционира, но функционира. Меѓутоа, оваа технологија не ми буди желба да бидам повторно млад. Мило ми е што сум во годините во кои сум,“ изјави Форд за „Емпајр“.

Филмот ќе пристигне во кината на 30 јуни, а ќе има премиера во Кан следниот месец.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста