Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец крадел велосипеди во повеќе градови и ги продавал, фатен во Гостивар

Град Скопје: Завршија субвенциите за електрични тротинети – продолжува аплицирање за велосипеди

Полицијата приведе 54-годишен охриѓанец, кој крадел велосипеди во Гостивар, Кичево, Охрид и други градови.

dobivaj vesti na viber

МВР соопшти дека мажот бил фатен во Гостивар.

„Вчера, околу 10.30 часот, на улицата Панче Поповски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот С. Ј. од Охрид. Тој се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал на други места“, велат од МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок.

Можете да прочитате

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец

СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници”