Утрински Весник
Свет

На Навални му се закануваат уште 30 години затвор: „Тврдат дека додека сум затворен, правам терористички дејства“

На Навални му се закануваат уште 30 години затвор: „Тврдат дека додека сум затворен, правам терористички дејства“

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека против него се води истрага за обвиненија за тероризам и може да биде осуден на нови 30 години затвор.

dobivaj vesti na viber

„Тие упатија апсурдни обвинувања дека ми се заканува 30 години затвор… дека јас додека сум во затвор извршувам терористички дејствија“, коментарите на Навални на Твитер ги објавија неговите соработници, пренесе Ројтерс.

Овој месец, руските истражители официјално ги поврзаа поддржувачите на Навални со убиството на Владлен Татарски, популарен воен блогер и поддржувач на руската инвазија на Украина, кој беше убиен со бомба во Санкт Петербург.

Поддржувачите на Навални негираа каква било поврзаност со убиството.

Руските истражители денеска објавија дека 11 лица се ставени на меѓународна потерница за случајот поврзан со Навални, пренесе ТАСС.

Навални веќе отслужува вкупна затворска казна од 11 и пол години под обвинение за наводна измама и непочитување на судот, потсетува британската агенција.

Врз основа на наодите на западните лаборатории, Навални беше отруен со нервен агенс во Сибир во август 2020 година, а беше уапсен следната година по враќањето од Германија каде што се лекуваше од труење.

Кремљ негираше дека се обидел да го отруе Навални.

Можете да прочитате

Орбан: Трамп го одржа ветувањето Унгарците да патуваат без виза во САД

Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор во светот се во опасност поради развојот на вештачката интелигенција

Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани