Завршена е обдукцијата на телото на Алдин Хасукиќ, кое беше пронајдено минатата сабота во окна во областа Градачац, во Босна.
Како што е потврдено, според прелиминарните резултати од наодите, на телото не биле пронајдени траги на насилство, пренесува Српскаинфо.
Минатата сабота во областа Градачац беше пронајдено телото на 35-годишниот Алдин Хасукиќ по кој се трагаше од 1 април.
По наредба на обвинителот телото беше испратено на обдукција, која покажала дека Хасукиќ починал поради несреќа.
– Според првичните резултати, усно доставени до обвинителот, падот резултирал со удар во главата и скршеница на вратниот рбет. На телото нема траги на насилство, затоа е немил настан – соопшти портпаролот на Обвинителството Т.К. Адмир Арнаутовиќ.
Алдин бил човек со посебни потреби, претходно имал навика да излегува од дома, но секогаш се враќал по 3 до 4 часа поминати надвор.