Утрински Весник
Свет

Кина не сака мир во Украина, предупредува чешкиот претседател

Кина не сака мир во Украина, предупредува чешкиот претседател

На Кина не може да ѝ се верува дека ќе посредува за мирот меѓу Русија и Украина, предупредува чешкиот претседател Петр Павел, истакнувајќи во интервју за „Политико“ дека Пекинг има корист од продолжувањето на војната.

dobivaj vesti na viber

Коментарите на Павел доаѓаат среде обидите на Кина да се позиционира како миротворец во Украина, поставувајќи неодамна нејасен патоказ за ставање крај на конфликтот.

И додека повеќето западни сојузници се скептични околу предлозуте, некои земји, како Франција, тврдат дека Кина би можела да одигра голема улога во мировните преговори.

Павел, поранешен генерал и висок функционер во НАТО, сепак е недвосмислен. Кога станува збор за Украина, тврди тој, Кина го сака само она што е најдобро за себе- а, засега, тоа е војната.

„Верувам дека е во интерес на Кина да го продолжи статус квото бидејќи така може да принуди Русија на голем број отстапки,“ вели Павел, додавајќи дека во замена за партнерството „без ограничувања“ со Кремљ, Пекинг може да добие евтина нафта, гас и други ресурси од Москва.

„Исто така, за Кина е добро што поддршката на Западот за Украина станува полека слабее,“ вели тој.

Забелешките на Павел како да беа пророчки зашто само неколку часа по неговата изјава, кинескиот амбасадор во Франција предизвика без доведувајќи го во прашање суверенитетот на државите произлезени од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ја тука и Украина.

Иако Пекинг се огради од коменатрите на својот амбасадор, инцидентот поттикна жестока расправа околу тоа дали Кина може да помогне во воспоставувањето мир во Украина.

„Не мислам дека Кина има вистински интерес да ја реши војната за кусо време“, рече чешкиот лидер, додавајќи рече дека Пекинг ја користи војната за да учи.

„Кина секој ден учи од конфликтот “, рече Павел, кој стапи на функцијата претседател минатиот месец, „Тие внимателно следат што прави Русија, како реагира Западот“.

 

 

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење