Утрински Весник
Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Бутел

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Бутел

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила синоќа на крстосницата од булеварот Босна и Херцеговина и улицата Ќемал Сејфула во Скопје меѓу автомобил „ауди а4“, управувано од А. Т. (22) од Скопје и автомобил „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле возачот А. Т. и сопатникот од истото возило, З. А. (22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните