Утрински Весник
Македонија

Државен испитен центар почна штрајк: Ова ќе значи неможност да се спроведе државна матура

Државен испитен центар почна штрајк: Ова ќе значи неможност да се спроведе државна матура

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот бара од Министерството за финанзии согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои, како што велат, вработените би добиле достоинствени плати.

Се нагласува дека сите 29 вработени се членови на синдикатот, и состојбата на штрајк која би траела подолго од 1 недела би значела невозможност да се спроведе државната матура.

„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии“, се наведува во објавата на синдикатот.

Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари, додаваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!