Утрински Весник
Магазин

Викендов на југот на Франција се одржа свадбата на годината

Викендов на југот на Франција се одржа свадбата на годината

Софија Ричи и Елиот Грејнџ се венчаа во Франција во саботата, настан кој веднаш се најде на насловните страници на таблоидите како свадба на годината вредна над 1 милион долари.

dobivaj vesti na viber

24-годишната манекенка –  ќерка на пејачот Лајонел Ричи и британскиот музички директор (30) –  син на музичкиот магнат и директор на „Јуниверзал мјузик“ Лусијан Грејнџ – рекоа „да“ во хотелот du Cap-Eden-Roc во Антиб пред семејството и пријателите.

Софија и Елиот го изнајмија хотелот на една недела, а според странските медиуми, само за сместување платиле над милион долари.

Невестата за церемонијата носеше фустан од „Шанел“.

За време на свадбениот викенд, невестата сменила дури три рачно изработени фустани Шанел – освен венчаницата, имала и краток фустан за афтер-парти и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан беше покриен од Vogue, а фактот дека непосредно пред венчавката невестата отворила профил на „Тик-ток“ каде ги споделила подготовките за венчавката, открива дека се било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.

Софија пред венчавката ја прифатила еврејската религија за Елиот, а церемонијата ја извршил рабин. Листата на гости вклучувала милионери и милијардери и многу познати имиња од светот на шоу-бизот. Покрај постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, таму беа и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.

На свадбата биле присутни и бројни инфлуенсери и тиктокери, поради што на социјалните мрежи можеше сè да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.

Можете да прочитате

Кинески тренери почнаа обука на роботи кои самостојно ќе извршуваат домашни работи

Доцната вечера може да му штети на црниот дроб

Истражување: Доктори со поделени мислења за лековитото дејство на канабисот при несоница