Утрински Весник
Магазин

Бој Џорџ се соочува со банкрот по тужбата од поранешен љубовник

Бој Џорџ се соочува со банкрот по тужбата од поранешен љубовник

По барањето за обештетување во износ од 1.75 милиони фунти, Џон Мос – поранешниот тапанар на бендот „Калчр клаб“ и поранешен љубовник на фронтменот Бој Џорџ – поднел барање за прогласување банкрот на познатиот музичар, пренесува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Мос е еден од основачите на култниот бенд кој се прослави во 80-тите, но потоа, според неговите тврдења, менаџерот на бендот го исфрлил во септември 2018 година, откако нстапувал со останатите члеови цели 37 години.

Бој Џорџ постигна вонсудска спогодба со Мос во март, кога тапанарот тужеше за изгубена заработка.

Весникот „Сан“ сега објави дека Мос поднел барање до Високиот суд во Лондон за покренување банкрот на Бој Џорџ. Тоа би значело дека имотот на фронтменот ќе биде продаден за да се платат долговите.

Тужбата доаѓа откако на Мос, како што тврди тој, му било кажано да „одмори“ од европската етапа на светската турнеја Life 2018, поради што пропуштил заработка од 200.000 фунти. Во судскиот налог стои дека бендот се согласил на пресуда во корист на Мос, што значи дека музичарите избегнале шестдневно судење што требаше да започне минатиот месец.

Во меѓувреме, спектакуларниот дом на Бој Џорџ во Лондон е ставен на продажба со барана цена од 17 милиони фунти.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста