Утрински Весник
Македонија

Полицијата со нова акција: Шестмина уапсени за дрога за само 24 часа

Полицијата со нова акција: Шестмина уапсени за дрога за само 24 часа

Денес рано наутро во 02.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.М.(25) и М.А.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

dobivaj vesti na viber

Малку по полноќ, во 00.20 часот денеска, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Рано утрово во 02.30 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Доцна вчера во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Вчера попладнето во 17.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок, ссоопштуваат од МВР.

 

 

Можете да прочитате

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани