Кошаркарите на Филалделфија ’76 први изборија пласман во конференциско полуфинале. Сиксерси со чисти 4:0 ја добија серијата против Бруклин Нетс. Четвртиот Филаделфија го доби со 96:88.
Тимот на Док Риверс на овој меч беше без Џоел Ембиид, кој се мачи со повреда на коленото. Во негово отсуство најдобар беше Тобијас Харис со 25 поени и 12 скока, Џејмс Харден мечот го заврши со 17 поени, осум скока и 11 асистенции. И останатите тројца од стратната петорка на Филаделфија постигнаа двоцифрен број на поени: Макси (16), Мелтон (15), Рид (10 поени, 15 скока).
Кај Бруклин се истакнаа Спенсер Динвиди со 20 и Џордан Кларкстон со 19 поени.
Првиот дел им припадна на Бруклин, домашните кошаркари на полувреме имаа предност од осум поени. Филалделфија се врати во мечот во третиот период, го доби со 11 поени разлика. Во последната четвртина гостите ја одржуваа предноста од седум до девет поени.
Во полуфиналето на Истокот Филаделфија ќе игра против Бостон Селтикс или Атланта Хокс. Резултатот во оваа серија е 2:1 за Селтикс.