Тимови на СДСМ како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беа во општините од Југозападниот регион. Во општина Охрид беа претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска и Марко Ѓорѓиевски.
– Грижата за сите категории граѓани, е врвен приоритет за СДСМ. Во време на криза ги помогнавме најранливите, реализиравме сетови мерки вредно 760 милиони евра. Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари, а пензиите пораснаа за 16 отсто за само една и пол година. Преку Гаранцијата за млади и Оперативниот план за вработување за 2023 година создаваме можност за нови врабоптувања, преквалификации или платени пракси за младите лица. Тоа е нашиот влог во граѓаните и така ќе продолжиме, порача Тренчевска.
Во Струга, Методија Димовски и претеничката Жаклина Лазаревска порачаа дека со релизацијата на делниците од коридорот 8, граѓаните од оваа општинаќе добијат поквалитетни услови за живот и работа, подобра поврзаност, посигурни патишта, што позитивно ќе влијае врз локалниот економски развој.