Утрински Весник
Спорт

Артета: Мора да најдеме начин да го победиме Манчестер Сити

Артета: Мора да најдеме начин да го победиме Манчестер Сити

Фудбалскиот менаџер на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот со Саутемптон изјави дека неговиот тим му дал шанси на противникот да постигне три лесни гола.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Арсенал ремизираа со тимот на Саутемптон 3:3 во 32. коло од англиската Премиер лига.

„Празен сум, натпреваров беше многу емотивен и разочаран сум затоа што не ги освоивме трите бода. По се што се случи на натпреварот, сепак мислам дека ги заслуживме, но мораме да се погледнеме во огледало. Му дозволивме на противникот три многу лесни голови. Кога правиш такви грешки тешко се победува во Премиер лигата“, рече Артета.

Тој додава дека тимот треба да заборави на натпреварот и да се фокусира само на натпреварот со Манчестер Сити.

„Мислам дека сите треба да се исклучиме вечерва и да почнеме да размислуваме кој е најдобриот начин да одиме во Манчестер и да победиме. Не гледам недостаток на самодоверба кога тимот е способен да го направи она што го направивме против Саутемптон. Значи, самодовербата е тука, само треба да ги надминеме тие моменти на слабост“, заклучи Артета.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Британците Стокер и Вестон освоија злато во мешани парови скелетон на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Злато и сребро за Холанѓанките на 500 метри брзо лизгање

Вардар убедлив против Работнички, Струга загуби од Силекс