Утрински Весник
Македонија

Две моторџиски несреќи, двајца тешко повредени

Две моторџиски несреќи, двајца тешко повредени

Во текот на вчерашниот ден во 14.35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Прилеп кај превој Плетвар моторцикл “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(20) од Скопје, излетал од коловозот. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.  

dobivaj vesti na viber

Истиот ден во 13.15 часот било пријавено дека во Виница на крстосницата од ул.“Браќа Миладинови“ и ул.“Плачковички одред“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(49) од с.Градец-виничко, и мотоцикл „кавасаки“ со винички регистарски ознаки, управуван од З.С.(20) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот И.П.(23) од Виница, констатирани Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница, соопштија од МВР.

Можете да прочитате

75годишен маж од струшко починал откако во него удрил камион

ВРЕДИ: ДУИ да побара од СПАК на Албанија да го екстрадира Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис и од која се запленети 30 тони марихуана