Утрински Весник
Македонија

СДСМ со одговор на ВМРО-ДПМНЕ: Законот ги демантираше, Николовски и ВМРО-ДПМНЕ намерно лажат за Коридорите

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

Докажаниот извор на лажни вести Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ намерно пласираат невистини во врска со стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на  реномирана американска компанија. Законот е јасен и ги демантира лагите на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението реакција на претходното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.– Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година и јасно ја регулира обврската на стратешкиот партнер за ангажирање најмалку 51% домашни работници, како и обврската странските работници да ги имаат потребните дозволи за престој и работа, се вели во соопштението од СДСМ.Од владејачката партија додаваат дека „во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Партијата која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните, постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата“.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет