Утрински Весник
Македонија

Затвореници од „Идризово“ однесени во болница, по претресите од специјалците

Затвореници од „Идризово“ однесени во болница, по претресите од специјалците

Двајца затвореници од затворот „Идризово“ побарале болнички третман по претресите со асистенција специјалци од МВР, дознава „Макфакс“. Неофицијално, се жалеле на повреди и со Брза помош, изутринава, се однесени во болница. По третманот од дежурните доктори во Клинички центар, биле вратени во затворот.

dobivaj vesti na viber

Според извори на „Макфакс“ од затворот, двајцата затвореници кои барале болнички третман, до вчера попладнето биле сместени во полуотворениот дел на затворот односно новоизградениот дел. По претресите, а поради нивното однесување, биле префрлени во затворениот дел од затворот.

Исходот од претресите засега не се соопштува во јавност, иако тие се завршени вчеравечер. Беа направени од затворската полиција, со асистенција на МВР.

Претходно, специјалците ги блокираа сите влезови и излези од одделението, а беа поставени и блокатори за сигнал.

Ваквата акција доаѓа откако беа запалени четири автомобили на вработени, во рок од шест месеци. Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови