Утрински Весник
Македонија

Специјалци влегоа во затворот „Идризово“, блокирани влезовите и излезите од две одделенија – има негодување од затворениците

Специјалци влегоа во затворот „Идризово“, блокирани влезовите и излезите од две одделенија – има негодување од затворениците

Претреси од специјалната едница на МВР, одново се прават во затворот „Идризово“, додека внатре трае негодување од страна на затворениците, дознава „Макфакс“. Блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот, од страна на специјалците.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални информации, таму се сместени осуденици кои биле дел од нарко група, која е проблематична за управата. Тие се таму префрлени пред краток период.

Акцијата е во координација со Управата на затворот. Неофицијално, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

Ваквата акција доаѓа откако беа запалени четири автомобили на автомобили, во рок од шест месеци. Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ во немоќ ја извртува вистината, гласавме ЗА еднократна парична помош за онколошките пациенти, бараме износот на помошта да се зголеми!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД

Ноќна полициска акција во скопско: Пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода