Утрински Весник
Македонија

Владата: Договорот за коридорите ќе биде презентиран пред пратениците со безбедносни сертификати

Обвинителството не ја исклучува можноста да отвори предмет за надзорот за коридорите 8 и 10

Владини претставници и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 –д ,ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во собраниска процедура.

dobivaj vesti na viber

Од Владата информираа дека целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес.

„Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат“, велат од Владата.

Коридорите 8 и 10-д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, чија што вредност изнесува 1,3 милијарди евра. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој проект, кој, како што посочуваат од Владата, е од стратешки интерес за државата.

Владата додава дека изградбата на овие два коридорa, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните.

Претходно вчера, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои поседуваат безбедносен сертификат доставија барање до Ковачевски да го објави договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со Бехтел и Енка. Во прилог на барањето пратениците ги доставија своите безбедносни сертификати коишто им овозможуваат пристап до владини документи квалификувани како државна тајна.

Според барањето пратениците се повикуваат на Деловникот кој што им овозможува дополнителни информации на увид за како што велат да знаат дали да ги поддржат или да гласаат против осумте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д.

 

Работниците на коридорите ќе може да работат по 50 часа, а ако се измени законот, и по 60 часа – договорот со „Бектел и Енка“ останува мистерија

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег