Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори ставот на партијата во однос на уставните измени. Нагласи дека нема Владата нема да ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој предупреди дека ќе има одговорност за ова што го прави Владата. Се закани со кривични пријави за експертите што ќе бидат дел од работното тело за подготовка на уставните измени, бидејќи како што рече, тие ќе земат пари а нема да сработат ништо.
„Нивната работа е беспредметна“ рече Мицкоски и порача дека во државата има многу поважни проблеми со кои треба да се занимаваат.
„Коалицијата за Обнова на Македонија нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот. Имаме поважни работи, не крадат, здравството е катастрофа, децата немаат книги, дајте тоа да збориме. Ова треба да го затвориме и да го игнорираме, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.