Утрински Весник
Македонија

Се испитува дали полицаецот или криумичарот пукал од пиштолот на МВР со кој е убиена мигрантката во Гевгелија

Се испитува дали полицаецот или криумичарот пукал од пиштолот на МВР со кој е убиена мигрантката во Гевгелија

Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, испитува дали полицаецот или криумичарот го испукал куршумот кој усмрти мигрант во Гевгелија. Обвинителството кажа дека се дадени повеќе наредби за вештачење.

dobivaj vesti na viber

„Со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката“, велат од Обвинителството.

Според информациите, пиштолот од кој е испукан куршумот е службен на полицаецот кој се обидел да ги сопре двајцата криумичари додека тие бегале. Тие се степале со него, па во турканицата имало пукање. Куршумот погоди млада мигрантка која почина.

Вчера и МВР излегоа со информација за настанот.

 

Можете да прочитате

Муртезани: Работиме на враќање на довербата со Софија

Левица: Власта го одби нашиот амандман за квалитетен топол, бесплатен или субвенциониран оброк за основните училишта

Кривична пријава за изборен поткуп за двајца охриѓани