Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Ако бевме како Ковачевски и Богоев, денес немаше да има ниту еден проект

Муцунски за изработката на ДУП за Лисиче: кампања за ширење лажни вести и дезинформации

Од Општина Аеродром реагираат на обвинувањата на СДСМ за случајот со парцелите во Лисиче.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека денешното соопштение на СДСМ е уште една потврда за бизнис-тендерската матрица во која тие живеат.

„Луѓето кои во својата биографија имаат само коруптивни проекти, мислат дека сите политичари се како нив. Но, реалноста е далеку поразлична. Општина Аеродром ја води тим кои работи во согласност со законите и реализира проекти. Доколку ние бевме како Ковачевски и Богоев, денес немаше да има ниту еден реален проект и инвестиција во Аеродром, напротив ќе носевме одлуки кои се единствено во интерес на одржување на фамилијарните релации и личното богатење. Тие се само одличен пример на политичари, кои критикуваат и ништо не работат, типичен пример за деструктивци кои се богатат на грбот на граѓаните.

Но, граѓаните знаат и тоа е реалност. Општина Аеродром е првата општина која пренамени маркички од згради во паркови, општина каде интензивно се гради и инвестира, се реализираат проекти за хумана урбанизација. Ние работиме транспаретно и во интерес на граѓаните, факт кој СДСМ мора што поскоро да го прифати“ велат од општината.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна