Утрински Весник
Спорт

Мареј и Јокиќ ја скршија Минесота

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Екипата на Денвер Нагетс ја победи Минесота Тимбервулвс со 122:113 во вториот натпревар од првото коло на плејофот на Западната конференција.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ беше на теренот од стартот на мечот, иако пред почетокот беше под знак прашалник поради полесна повреда на зглобот на десната рака.

Јокиќ одигра добра натпревар, а на крајот мечот го заврши со 27 поени, девет скока и девет асистенции. Актуелниот МВП не беше најефикасен во победничкиот тим, бидејќи Џамал Мареј беше многу добро расположен.

Плејмејкерот на Нагетс постигна 40 поени, имаше и пет асистенции. На две минути до крајот тој ја погоди клучната тројка на натпреварот, кога Минесота се доближи на минус од шест поени.

Покрај Мареј и Јокиќ, двоцифрени кај Денвер беа Портер со 16 поени, Гордон со 12 и Џеф Грин со 11 поени.

Во поразениот тим се истакна Ентони Едвардс со 41 поен, Гобер постигна 19, додека целосно потфрли Таунс постигнувајќи само 10 поени.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ