Утрински Весник
Македонија

Притвор за серискиот разбојник од Битола

Притвор за серискиот разбојник од Битола

Триесетдневен притвор за сериски разбојник во Битола.

dobivaj vesti na viber

Тој влегол маскиран и ограбил аптеки и обложувачница во Битола.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против разбојникот за три кривични дела разбојништво.

„Осомничениот на 11.4.2022 година маскиран влегол во аптека на улицата Солунска и на вработената ѝ се заканил со пиштол туркајќи ја кон магацинскиот простор. Одзел 40.500 денари спакувани во три книжни кеси и избегал.

На 16.5.2022 година осомничениот повторно влегол маскиран во обложувачница на улицата Филип Втори Македонски и се упатил кон пултот за наплата. На вработената ѝ се заканил со нож директно насочувајќи го кон неа и принудувајќи ја да му даде 207.000 денари и 200 евра.

При последниот настан, на 18.4.2023 година, осомничениот маскиран ѝ се заканил со нож на вработена во аптека на улицата Димитар Илиевски-Мурато. Ја натерал да му го отвори сефот и ги одзел хартиените пликови внатре сметајќи дека одзел пари. Всушност, во пликовите имало сметки и други документи. Осомничениот ја натерал оштетената да влезе во тоалетот, ја затворил внатре и избегал“, соопшти Обвинителството.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации