Шефовите на „Нетфликс“ мораа да издадат посебно предупредување откога сцените со голотија во новата серија „Опсесија“ кренаа голема прашина оставајќи ги фановите затечени од експлицитните секс-сцени.
Ова доаѓа откога многу гледачи останаа вџашени по сцената со перницата, во која е вклучен Ричард Армитаж (51), кој го портретира хирургот Вилијам.
Главниот лик се впушта во афера со свршеницата на својот син Џеј, Ана, која ја глуми Чарли Марфи, а голем број сцени оставаат малку на имагинацијата.
Иако серијата е оценета како 18+ поради својата графичка природа, некои гледачи сè уште не беа сосема подготвени за она што ќе се прикаже на малиот екран.
По многуте поплаки од гледачите, „Нетфликс“ испрати предупредување преку „Твитер“.
„Ако сте донеле (сомнителна) одлука да ја гледате ‘Опсесија’ со вашите родители, ова се моментите за кои веројатно ќе сакате да се извините“, порача стримерот и ги објави точните временски ознаки за секс-сцените во секоја епизода.
Серијата се разликува од романот на кој се базира. Во центарот на серијата, напишана според сценариото на Морган Лојд-Малколм, е ликот на Ана Бартон и нејзината афера со хирургот Вилијам, татко на нејзиниот свршеник. Како што расте нивната привлечност, така расте и еротската напнатост во серијата бидејќи Вилијам станува опседнат со Ана и очајно сака да ја задржи нивната страсна афера во тајност.
„Опсесија“ е заснована на романот Damage на Џозефин Харт од 1991 година, кој претходно беше адаптиран во филм од 1992 година со Џереми Ајронс и Жулиет Бинош во главните улоги. Сепак, за разлика од романот, серијата на „Нетфликс“ се фокусира на перспективата на Ана.
Во интервју за „Стајлист“, Лојд-Малколм објасни: „Ми се допадна книгата, но таа е напишана од машка гледна точка. Ана, неговата љубовница, е претставена како еден вид вампир, кој доаѓа во семејството, разнесува сè, а потоа исчезнува. Сакав да се обидам да ги сфатам ликовите во приказната, особено Ана, на начин кој не е само дводимензионален“.