Утрински Весник
Македонија

Мигранти од Конго и Авганистан најдени во приколка од камион на „Богородица“

Мигранти од Конго и Авганистан најдени во приколка од камион на „Богородица“

Мобилните тимови на Царинската управа објавија дека спречиле нелегален влез на мигранти во државава.

dobivaj vesti na viber

„На 14 април на граничната царинска испостава Богородица, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, пријавено за транзит, биле пронајдени пет мигранти без документи за идентификација“, објави МВР.

При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови, биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан.

Можете да прочитате

Потрага по исчезнато лице крај Вардар во Гостиварско

СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд за Резолуцијата за миграцијата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата