Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер

Претседавачот со ОБСЕ, Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак
300x250 opst2

„Османи да си поднесе оставка, го прекрши Уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер.

dobivaj vesti na viber

Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи.

Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата која ја прави уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.

Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува.

Османи треба да се извини и да си поднесе оставка“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години