Утрински Весник
Македонија

МОН: Предметот „Етика во религиите“ останува изборен предмет и во учебната 2023/2024

Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти

Предметот „Етика во религиите“ останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопшти ресорното министерство.

dobivaj vesti na viber

Според МОН, согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, и во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети.

Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности, информираат од ова министерство.

Концепцијата за основно образование, како што појаснуваат, предвидува широка понуда на изборни предмети што произлегуваат од искажаните интереси на учениците и се насочени кон развивање на нивните потенцијали и зголемување на задоволството на учениците од престојот во училиште. Покрај предметот „Етика во религиите“, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори