Утрински Весник
Македонија

Тешка несреќа во Гази Баба: „ауди“ удри во моториклист

Тешка несреќа во Гази Баба: „ауди“ удри во моториклист

Вчера во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с.Студеничани, скопско и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ