Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик, Османи да поднесе одговорност и оставка

(Видео) Митева: Официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик, Османи да поднесе одговорност и оставка

Фрапантно е тоа што Бујар Османи се посрамоти и како министер кој е обврзан да ги спроведува уставот и законите покажува елементарно непознавање или свесно ги крши, а со тоа директно предизвикува етничка нетрпеливост, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

„Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик! Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик!

Ставот 2 пак укажува дека службен јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните е службен јазик на територијата на Република Македонија, но не е официјален јазик за меѓународна употреба. Јасна дистинкција е направена во уставот за тоа кој е официјален јазик за меѓународна употреба и тоа е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“ рече Митева.

Таа му порача на Османи да престане, како што вели, да ја манипулира јавноста затоа што дури и во Законот за употреба на јазиците во ниту еден член и во ниту еден став не се споменува дека друг јазик наместо македонскиот е официјален јазик во меѓународните односи.

„Би сакале да го информираме Бујар Османи и за ставот на Врховниот суд кој вели дека Уставот може и директно да се применува што воедно и спасува од погрешна примена на ваквите неуставни закони донесени со обично мнозинство. Затоа, бараме извинување, одговорност и оставка од Бујар Османи за нарушување на угледот на државата преку непочитување на Уставот и законите“ изјави Митева.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово