Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3900 вработувања

Ковачевски: Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3900 вработувања

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање упати честитки до менаџментот на компанијата „Јагео” и директорот на Технолошко- индустриските развојни зони Јован Деспотовски по повод новата инвестиција на „Јагео” во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката.

dobivaj vesti na viber

Вели дека станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места.

„Тоа е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени ширум светот. Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ.

„Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра. Имаме над 16.500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години, рече премиерот и потенцира дека само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво“, изјави Ковачевски.

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025