Заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ од минатиот понеделник почна со стратешко заловување во општина Гази Баба.
Тимот на заловувачи минатата недела (10-13 април) заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.
„Оваа недела од стратешкото заловување (18-20 април) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, информираат од „Лајка“.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]
Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.