Утрински Весник
Магазин

Кан ја брани одлуката да го избере филмот со Џони Деп за отворање на фестивалот

Кан ја брани одлуката да го избере филмот со Џони Деп за отворање на фестивалот

Генералниот делегат на Канскиот филмски фестивал застана во одбрана на одлуката престижното отворање на фестивалот да му се додели на филмот „Жана де Бари“, во кој Џони Деп го глуми Луј Петнаесетти.

dobivaj vesti na viber

Почеста за „Жана де Бари“, односно одлуката овој филм да го отвори фестивалот во Кан следниот месец, наиде на критики, но генералниот делегат Тиери Фремо вели дека тоа не е контроверзен избор.

Режиран од Мајвен, која исто така ја има и главната улога, Jeanne du Barry е биографски филм за познатата миленичка на кралот Луј XV, погубена во 1793 година за време на Француската револуција.

Во интервју за „Вараети“, Фремо рече: „Воопшто не е контроверзен избор. Ако на Џони Деп му беше забрането да работи, ќе беше поинаку, но тоа не е така. Знаеме само едно, тоа е правосудниот систем и мислам дека тој го доби правниот случај“.

За потсетување, Деп извојува победа во судењето за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, а во кој двјцата изнесоа обвинувања еден против друг.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста