Приказната зошто принцот Хари решил да го напушти британското кралско семејство ја раскажа самиот принц во својот документарец за „Нетфликс“, но сега, извор кој бил многу близок со покојната принцеза Дијана ја открива можната причина поради која тој решил да замине од Бакингемската палата заедно со сопругата Меган и синот Арчи.
Во документарецот, Хари кажува дека претрпел малтретирање од неговиот брат и снаа, што го убедило да размисли да се исели од Бакингемската палата. Сепак, она што навистина го инспирирало да донесе таква одлука е неговата покојна мајка, која неколку пати му ги открила своите планови да го напушти Обединетото Кралство и да замине во САД кога Хари бил дете.
Поранешниот телохранител на принцезата Дијана во својата нова книга открива дека Хари и Меган размислувале да се преселат во САД главно поради малтретирањето и незаинтересираноста што ја трпеле од членовите на кралското семејство. Но, она што довело до конечната одлука да го напуштат Обединетото Кралство била слична таква желбата на покојната Лејди Ди, која решила да замине во некоја американска земја неколку дена пред нејзината смрт во трагичната несреќа.
Во својата книга со наслов „Штитејќи ја Дијана: Приказна на телохранителот“ (Protecting Diana: A Bodyguard’s Story), Ли Сенсам, телохранител на покојната принцеза, открива дека принцот Хари всушност ја повторил одлуката што принцезата Дијана била на работ да ја донесе пред да ѝ се случи несреќата.
Ли Сенсам ја чуваше Дијана на еден од нејзините последни одмори на југот во Франција со нејзиниот партнер Доди Фајед, бидејќи беше ангажирана од таткото на филмскиот продуцент, египетскиот милијардер Мохамед Ал-Фаје.
За да ја одбележи 25-годишнината од смртта на Дијана и Доди во сообраќајна несреќа во Париз, само еден месец откако ја заштити двојката во Сент Тропе, Сенсам се отвори за своите искуства со кралското семејство во новата книга.
Во книгата, Сенсам раскажува за разговор што го имал со Дијана во кој тој тврди дека таа изразила желба да се пресели во САД.
Времето на нејзиниот одмор во јули 1997 година во Сент Тропе беше период на промени за кралското семејство, откако официјално се разведе од принцот Чарлс претходната година и започна нова фаза од својата хуманитарна работа, на чело на кампањата за забрана на употребата на нагазни мини.
Во овој период, упадот на печатените медиуми во нејзината приватност видно се зголеми, бидејќи таблоидите бараа фотографии од неа и нејзиното ново момче заедно.
Сенсам пишува дека за време на возење со чамец од јахтата во сопственост на Ал-Фајед до нивната вила, Дијана му рекла: „Не можам ништо да направам во Обединетото Кралство. Тамошните весници ме напаѓаат што и да правам.“
„Сакам да одам во САД и да живеам таму за да можам да побегнам од сето тоа. Барем во Америка им се допаѓам и ќе ме остават на мира.“