Утрински Весник
Македонија

Доктор Фуштиќ за обвинувањата од Пехчевски дека му го условила лекувањето: Контактите со новинари може да ги остварува надвор од болница

Доктор Фуштиќ за обвинувањата од Пехчевски дека му го условила лекувањето: Контактите со новинари може да ги остварува надвор од болница

Медицинскиот директор на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ не ги негира обвинувањата од Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, дека лекувањето му го условила со неконтактирање со новинари додека е во болницата – а дека во спротивно нема да има место за него во установата. Докторката, посочува дека таа му излегла во пресрет, а тој мора да ги почитува правилата. Прашана дали има анимозитет кон Пехчевски, Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“ вели: „За мене сите пациенти се еднакви“.

dobivaj vesti na viber

„Игор е возрасен пациент – 32 години и по возраст не припаѓа на Клиниката за детски болести, туку на Клиниката за пулмологија. Но бидејќи секогаш им излегувам во пресрет на пациентите, во услови на немање место за прием на Клиниката за пулмологија, по неговото јавување го примивме на Клиниката за детски болести за да му помогнеме бидејќи не се чувствувал добро. На Клиниката за детски болести треба да ги почитува правилата на болницата и за сите активности треба да биде информиран Раководителот на одделот или Директорот. Контактите со новинари може да ги остварува надвор од болницата“, вели Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“.

Самата посочува дека отпусната листа на пациентите им се дава на денот на испис од болница, а прашана зошто Пехчевски ја доби на 14-ти со датум од 18-ти април, докоторката објаснува дека му ја дала во случај да се предомисли и да си оди порано.

Отпусната листа се дава на денот на испис; ако се договориме пациентот да си оди за време на викенд или празник, претходно му го изготвуваме отпусното писмо и прилогот (за да не доаѓа посебно за тоа ако не е од Скопје). Исписот административно го правиме во работен ден. Венската антибиотска терапија вообичаено трае 10 до 14 дена, во зависност од тежината на егзацербација на белодробната болест. На Игор му предложив, поради Велигденските празници, ако сака да си оди 12-тиот ден од антибиотската терапија (во сабота) бидејќи беше стабилен. Тој не беше сигурен, прво рече да, потоа ќе седел до вторник. Му ја дадов отпусната листа во случај да се премисли. Неговата историја не е затворена, таа административно се затвара кога ќе си отиде пациентот“, додава докторката и медицински директор на Клиниката за детски болести, Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“.

Децидна е дека на Пехчевски, терапија не му е успратена.

„Никој не му ускратил 2 дена терапија. Ви одговорив дека терапијата може да трае и помалку и повеќе, во зависност од состојбата на пациентот. А Игор беше во стабилна состојба и ако не му значат Велигденските празници (ми кажа дека е голем верник), му реков дека може да остане до 18.04. (како што му е во отпусното писмо). Неговата болничка историја не е затворена“, додава Нацева-Фуштиќ.

Пред три дена, Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување.

Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на Игор Пехчевски.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален