Утрински Весник
Свет

Десетици илјади протестираат во Прага: Бараат оставка од владата и прекин на испораката на оружје за Украина

Десетици илјади протестираат во Прага: Бараат оставка од владата и прекин на испораката на оружје за Украина

Неколку десетици илјади Чеси се собраа денеска во центарот на Прага барајќи оставка на владата, прекин на испораката на оружје за Украина а некои и излез од НАТО.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите ја обвинија владата на претседателот Петр Фијала дека не презема ништо за да ја спречи бедата во земјата.

„Оставка“, „Надвор од НАТО“, „Не за војна“, „Лажлива влада и медиуми“, „Владата на Фијала ни ги краде парите и правата“, се дел од транспарентите што ги донесоа демонстрантите, заедно со многу чешки национални знамиња.

Лидерот на УЈП, поранешниот фудбалски функционер Јиндрих Рајл изјави дека се собрале „да застанат покрај својата земја, Чешка“.

„Сакаме да ја собориме коалициската влада на пет партии предводена од Фијала преку ненасилен граѓански протест. На демонстрациите се изразува протест не само против економската беда, туку и против моралната беда. Не сте во можност да владеете, подигнете ги последните остатоци од честа и поднесете оставка“, рече Рајхл.

Можете да прочитате

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина