Утрински Весник
Свет

Украина: Русите напаѓаат и на Велигден

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата

И покрај православниот Велигден, денеска продолжија борбите во Украина, а руското гранатирање во јужниот дел на Миколаев во текот на ноќта уби двајца тинејџери, изјави во неделата воениот гувернер Виталиј Ким. Јуриј Малашко, шеф на воената администрација во областа Запорожје, изјави дека имало „масовен напад“ од руската армија.

dobivaj vesti na viber

„Ништо не им е свето, ниту во ноќта на Исусовото воскресение“, напиша Малашко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата велигденска порака ги охрабри своите сонародници да продолжат да веруваат во победата над Русија.

„Русите напаѓаат и за Велигден, војната не може да не избрише нас, нашите вредности, нашите традиции и нашите празници“, рече тој во видеото објавено во неделата.

„Денес го славиме Христовото воскресение. Главниот симбол е победата: победата на доброто, победата на вистината, победата на животот. Велигден го славиме со непоколеблива вера во неповратноста на овие победи“, додаде тој.

 

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови