Утрински Весник
Свет

(Видео) „Вагнер“ ослободи повеќе од 100 украински војници за Велигден: „Најадете ги и напијте ги“

(Видео) „Вагнер“ ослободи повеќе од 100 украински војници за Велигден: „Најадете ги и напијте ги“
Dik 300x250 mk

Руската приватна воена група „Вагнер“ испрати најмалку 100 украински воени заробеници назад кај украинските сили по повод православниот Велигден, се вели во видеото објавено денеска од основачот на групата, Евгениј Пригожин.

dobivaj vesti na viber

„Подгответе ги сите, нахранете ги и напијте ги, проверете ги ранетите – се прикажува како Пригожин зборува на видеото што неговата прес-служба го објави на „Телеграм“.

Потоа, на група украински затвореници им било кажано дека ќе им бидат вратени на украинските сили по повод православниот празник Велигден.

Повеќе од 100 мажи, некои куцаат, а некои на носилки, беа прикажани како се движат во линија по калливиот пат додека човек кој стоеше на врвот на тенк држеше бело знаме.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека 130 украински воени заробеници биле ослободени и вратени дома во „голема велигденска размена“.

Не е познато колку Руси се вратени.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник