Утрински Весник
Свет

Холандија наскоро ќе воведе евтаназија за тешко болните деца на возраст од една до 12 години

Холандија наскоро ќе воведе евтаназија за тешко болните деца на возраст од една до 12 години

Холандија ќе ги прошири постојните регулативи за евтаназија за да ја вклучи можноста за смртно болни деца на возраст од една до 12 години со помош на лекар, соопшти денеска холандската влада.

dobivaj vesti na viber

Новите правила ќе важат за група од околу пет до десет деца годишно, кои страдаат неподносливо од својата болест, немаат надеж за подобрување и на кои палијативната нега не може да им донесе олеснување, објави тамошната влада.

„Крајот на животот за оваа група е единствената разумна алтернатива на неподносливото и безнадежното страдање на детето“, се наведува во соопштението.

Во 2002 година, Холандија беше првата земја во светот што ја легализираше евтаназијата под строги услови. Сите случаи на евтаназија мора да се пријават во специјални медицински комисии.

Законот веќе предвидуваше опции за евтаназија во која се вклучени терминално болни бебиња до нивниот прв роденден и за деца над 12 години.

Во 2022 година, само еден случај на евтаназија е пријавен за малолетник на возраст меѓу 12 и 16 години, според регионалните одбори за преглед на евтаназија.

Холандија нема да биде првата што ќе дозволи смрт со помош на лекар за деца од сите возрасти. Во Белгија тоа е можно од 2014 година.

Можете да прочитате

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп