Утрински Весник
Свет

Жена го отрула сопругот со средство за чистење во чајот: се правдала дека убивала мравки – страотен случај во Калифорнија

Жена го отрула сопругот со средство за чистење во чајот: се правдала дека убивала мравки – страотен случај во Калифорнија

Жена од Калифорнија е обвинета дека истурила хемиско средство за чистење во чајот на нејзиниот сопруг, не се обидувала да го отруе, туку да убие мравки, тврди нејзиниот адвокат.

dobivaj vesti na viber

Џу Емили (45) од округот Оринџ, беше уапсена минатата година, откако нејзиниот сопруг ја обвини дека ја отрул во три различни прилики.

Откако се посомневал дека жената го труе со истурање средство за чистење во чајот, сопругот поставил камери за надзор во кујната за да ја фати Емили на дело, се вели во документот за забрана за приоѓање.

Меѓутоа, адвокатите на осомничената тврдат дека Емили се обидувала да убие мравки и дека наводите за труење, вклучително и видеото на кое наводно се гледа како таа истура течност во чаша, се лажни.

„Таа три пати го истури средството во чашата за да ги убие мравките. Нема спор околу тоа, таа навистина ја истури течноста во чашата“, велат адвокатите.

Адвокатот на нејзиниот сопруг во име на клиентот изјави за „Инсајдер“ дека нивната куќа никогаш немала проблем со мравки.

„Ова е првпат да слушне дека користи средство во чаша од која некој пиел за да ги одврати мравките“, рече адвокатот.

Сопругот поднел барање за развод и побарал забрана за приближување минатата година, откако се посомневал дека сопругата му истура отров во чајот во март и април минатата година.

Според документите, мажот, кој бил радиолог, посетил лекар за да ги испита симптомите кои почнале да се развиваат и дознал дека има два чирови на желудникот, гастритис и езофагитис.

После тоа поставил камери и ја „уловил жената“ како во три различни ситуации го истура агентот во чаша.

Окружното обвинителство на Оринџ ја користи снимката во случајот против Емили. Големата порота ја обвини на 5 април по три кривични дела за труење и едно кривично дело напад.

Според окружниот обвинител, сопругот, исто така, доставил примероци од чајот до полицискиот оддел. Тестирањето на ФБИ открило средство за чистење на течни одводи во супстанцијата.

Емили повторно ќе се појави на суд на 18 април.

Можете да прочитате

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд