Украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговите високи функционери украле стотици милиони долари од американските даночни обврзници, тврди американскиот истражувачки новинар Симор Херш.
Наводната проневера, според Херш, содржи дури и шеми што вклучуваат трговија со Русија.
Зеленски и неговата придружба проневериле најмалку 400 милиони долари од американските фондови наменети за набавка на дизел минатата година, тврди Херш во новата статија за „Сабстек“ цитирајќи една минатогодишна процена на ЦИА.
Друг експерт нагласил дека нивото на корупција во Киев е приближно исто со она во авганистанската цивилна влада поддржана од САД, со тоа што никој не очекува професионални ревизорски извештаи од Украина.
Според неговите извори, министерствата во Киев се и во трка да основаат параван-компании со цел да извезуваат оружје и муниција добиени како воена помош од САД и другите западни земји, при што вклучените службеници профитираат од поткупот. Американската влада, пак, тврди дека нема докази оти оружјето доставено од Запад во Украина било препродадено.
Иако не се знае колку точно плаќала владата на Зеленски за галон гориво, во текот на децениската војна во Авганистан, Пентагон плаќал најмалку 400 долари за галон дизел-гориво, кое од пристаништата во Пакистан било пренесувано до Авганистан со камиони или падобрани.
Она што исто така е непознато за јавноста е дека Зеленски го купувал горивото од Русија, земјата со која таа и Вашингтон се во војна.
„Зеленски купувал дизел со попуст од Русите, ми кажа еден упатен американски разузнавач. А кој ги плаќа гасот и нафтата? Ние! А Путин и неговите олигарси заработуваат милиони од тоа“, истакнува Херш во статијата.
Претходно, се појавија извештаи дека нафтените производи по потекло од Русија стигнале до Украина преку Бугарија и Латвија. Шемата во која е вклучена балтичката држава, а за која детаљно беше известено во латвиската телевизиска програма „Нека персонига“, веројатно ги прекршила и антируските санкции на ЕУ.
Херш цитира и разузнавачки извор според кој на јануарската средба меѓу Зеленски и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, американскиот разузнавач наводно му дал список од 35 украински генерали и министри за кои ЦИА знаела дека се корумпирани.
Високи украински функционери исто така се жалел дека Зеленски „зема поголем дел од проневерените пари отколку што им дава на генералите“, објаснил изворот споредувајќи ја средбата со сцена од мафијашки филм од 50-тите.
Според Херш, Зеленски одговорил на обвинувањата така што отпуштил десетмина од најкорумпираните министри, регионални администратори и други претставници на украинската влада како димна завеса за неговата наводна антикорупциска стратегија.
Еден од вклучените во скандалот со купување прескапа храна за украинските трупи, украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, ја преживеал чистката иако сите очекувале дека ќе биде отпуштен.